По објавувањето на информациите, контактиравме со ЕБУ и го добивме следниот одговор:
Европската радиодифузна унија го истражи ова прашање и со РАИ и со нејзиниот партнер за телевоутинг и може да потврди дека информацијата е објавена по грешка. Можеме да потврдиме и дека информацијата била нецелосна.
Валиден глас беше добиен од Италија како дел од резултатите од полуфиналето.
РАИ е информирана дека ова е прекршување на правилата на натпреварот, кои наведуваат дека резултатите од гласањето може да се соопштат само по настанот. Референтната група на натпреварот по завршувањето на натпреварот ќе разговара дополнително за ова прашање.
Побаравме од RAI да ги разгледа нивните процедури за да се осигура дека се почитуваат сите правила и протоколи со цел да се заштити интегритетот на гласањето.
Европската радиодифузна унија
Сликата е добиена од ЕБУ / Корин Каминг